осумнаесетмесечен | прид.
Што има осумнаесет месеци. Осумнаесетмесечно дете.
осумнаесетмина | бр.
Мажи или мешана група од осумнаесет лица.
осумнаесетти | бр.
Бројна придавка од осумнаесет. Втора половина на осумнаесеттиот век.
осумпати | прил.
Повторено осум пати.
осумсложен | прид.
Што е од осум стиха. Осумсложен стих.
осумстотини | бр.
Основен број за определена бројност; се бележи со бројката 800. Осумстотини денари.
осумчасовен | прид.
Што трае осум часа. Осумчасовно работно време.
осуче | св.
осцилатор | м.
(физ.) Апарат што произведува осцилаторни движења.
осцилаторен | прид.
Треперлив, што се ниша. Осцилаторно коло.