осцилација | ж.
(физ.) Периодично движење на двете страни, периодично менување на состојбата; треперење, нишање, клатење. Осцилација на гласните жици. Осцилација на магнетно поле.
осцилира | св. и несв.
Периодично, ритмично се движи, ја мени, менува состојбата; трепери, се ниша. Нишалото на часовникот рамномерно осцилира.
осцилограм | м.
Графички цртеж, добиен со осцилограф, на кој се гледа развојот и текот на треперењето.
осцилограф | м.
Инструмент за мерење на брзите промени на електричните величини, на осцилациите.
осцилоскоп | м.
Инструмент што ги покажува на екран електричните осцилации на наизменичната струја.
Отава | ж.
Главен град на Канада.
отаде | предл.
Со пространствено значење – положба од подалечната страна на предметот во однос на говорното лице, од таа страна. Темен се облак зададе отаде село. (нар.поез.).
отаде | прил.
Од другата, спротивната страна, откај спротивната страна. Отаде пак се чуја караници. Отаде се покажа стутканата фигура на старецот.
отаден | прил.
отаден | прид.
Кој е оттаму, тамошен. Топката ја зедоа отадните деца.