откинувачка | ж.

Спас, спасение, откинување. Нема откинувачка од оваа работа.

отклинка | св.

Отиде негде со клинкање, клинкајќи. Отклинка до креветот.

отклон | м.

Отстапување од определена линија. Многуте есеистички отклони во кажувањето придонесуваат ова дело да се вброи во хибридните романи. Отклонот е една стилско семантичка и естетска отстапка. Учениците прават отклон од линијата на телото, на левата и на десната страна, имитирајќи го поточето.

отклони | св.

Направи да се отстапи од определена линија. Тој отклони од партиската директива.

отклопи | св.

Симне поклопка од нешто. Го отклопи тенџерето да не претечува.

отклучи | св.

Отвори брава со клуч; Тој отклучи и полека влезе. Ги отклучи фиоките и почна да пребарува по нив.

откова | несв.

откове | св.

Извади шајки, клинци со кои нешто било заковано; Ги отковаа штиците од подот.

откога | сврз.

Во временски реченици за да се навести дејство по завршувањето на определено дејство. Откога ја виде девојката, таа му беше постојано во мислите. Почна да се менува откога разбра некои работи за претпријатието.