отколку | сврз.

За поврзување при споредување, со компаратив, при избор на подобра можност. Повеќе сакам да читам отколку да пеглам. Повеќе сакам да бидам сама отколку со него да живеам.

откоп | м.

Место каде што се копа или се копало. Во откопот се имаше насобрано вода.

откопа | св.

Со копање извади нешто што е закопано. Стариот го откопа грнето со пари. Кучето ја откопа коската.

откопча | св.

Раскопча копчиња, отпетла. Ја откопча блузата.

откорен | прил.

Коренито, решително, темелно, радикално. Работите треба да се менуваат откорен.

откорнатик | м.

Тој што е откорнат од родната земја, иселеник, бегалец. Откорнатик од родната грутка, без семејство, далеку во туѓина.

откорнатички | прид.

Што се однесува на откорнатик.

откорне | св.

Искорне, извади сосе корен; искорне. Тие го откорнаа дрвото од нивата со голи раце.

откос | м.

Откосена трева на ливада или ред, откосена трева што останува зад косачот. На ливадата лежеа редови откоси. Жените ги превртуваа откосите да се сушат.