отме | св.
Земе насила, одземе, Сакаат да ми го отмат имотот.
отмен | прид.
Фин, што има убаво однесување. Отмена дама. Отмен свет од филмската уметност. Отмен европски салон. Отмен изглед.
отне | св.
Отстрани нешто што затина цевка, канал, дупка и сл., одзатне; затне. Ја отнал затнатата канализација.
оток | м.
Подуено место на телото од човек или животно. Му се јави оток на ногата.
отоман | м.
Вид мек миндерлак, мебел што служи за одмор, за седење, лежење; диван. Се испружи на отоманот. Отоман од ружино дрво.
отомански | прид.
Што се однесува на Отоманската Империја.
оториноларинголог | м.
Лекар специјалист за болестите на увото, носот и грлото.
оториноларингологија | ж.
Наука што ги проучува болестите на увото, носот и грлото.
отпад | м.
Ненужен остаток од нешто; отпадок. Отпадот од некои земјоделски култури се користи за исхрана на домашните животни. Машина за преработка на отпад.
отпаден | прид.
Што се однесува на отпад. Отпадна вода. Отпадна руда.