отпади се | св.

Се отуѓи, се оддели од некоја група. Детето се отпади од дома.

отпадне | св.

Престане да биде во составот на нешто, се откачи од нешто, исклучи од нешто. Од дрвјата отпадна и последниот лист. Косата сосема му отпадна. Малтерот од фасадата отпадна од силните дождови. Ѓонот од чевелот ми отпаднал.

отпадник | м.

Тој што отпаднал, се одделил од некоја група. Отпадник од општеството. Тој е прогласен за отпадник, фракционер.

отпаднички | прид.

Што се однесува на отпадник. Отпаднички групи.

отпадништво | ср.

Постапка и состојба на отпадник. Чувство на отпадништво. Младите благородници ги обвини за отпадништво од верата.

отпадок | м.

Тоа што ќе отпадне од нешто како ненужно; отпад. Насекаде имаше расфрално отпадоци од храна.

отпадочен | прид.

Што се состои од отпадоци. Отпадочни материјали.

отпара | св.

Оддели нешто што е пришиено, сошиено; отшие. Го отпара подвивот од палтото. Го отпара патентот од старото здолниште.

отпат | прил.

Настрана од патот, од правецот на движење. Не одам често на тој пазар, отпат ми е.

отпатен | прид.

Што се наоѓа надвор од правецот на движење. Отпатно место.