отсева | несв.

отсевки | и.

Остатоци од просеано жито и сл.

отсега | прил.

Од овој момент во иднина, натаму. Досега ти попуштав, но отсега нема да го правам тоа.

отседи | св.

Седејќи помине некое време, преседи. Кај нив отседов три дена.

отседла | св.

Симне седло на коњ и сл. Отседлај го коњот.

отседне | св.

Преседи, се смести за определено време во хотел, во стан кај некого, најде привремено сместување. Тој отседна во новиот хотел.

отсее | св.

Исее определена, извесна количина, колку што треба. Го отсеа брашното за леб.

отсек | м.

Дел од некоја целина. Композицијата е поделена на педесет и шест тактови, поделени на четири отсеци.

отсекаде | прил.

Од сите страни. Отсекаде доаѓаат лоши вести. Селото е опколено отсекаде со шуми.

отсекогаш | прил.

Од најстари времиња, од памтивека. Сите луѓе отсекогаш краделе. Отсекогаш бил добар. Песната отсекогаш го олеснувала трудовиот процес.