отромави | св.
отроми | св.
Стане тром, тешко подвижен. Со годините, тој отромел.
отрпнатост | ж.
Состојба на тој што отрпнал, се вкочанил.
отрпне | св.
Изгуби моќ за движење, чувствителност на некој дел од телото; се вкочани, се здрви почувствува трпки. Раката на мајка ми ѝ отрпна.
отрувач | м.
Тој што труе.
отрувачка | ж.
отрувач_1
отруе | св.
Усмрти со отров. Комшијата ни го отру кучето.
отрча | св.
Отиде со трчање. Отрча дома. Некои отрчаа долу, а некои останаа на чардакот.
отсака | св.
Престане да сака. Тој ја отсака девојката. Тоа е некоја лоша клетва толку да отсакаш родена мајка!
отсвири | св.
Заврши свирење, исполни мелодија на музички инструмент. Го замолив да ми отсвири некоја мелодија.