обоа | ж.

Вид дрвен дувачки инструмент.

ободри | св.

Поттикне, охрабри некого. Мајката го ободри детето да издржи до крај.

ободрувачки | прид.

Што влева бодрост, храброст, што бодри, што ободрува. Ободрувачки зборови.

обоен | прид.

Што е со боја, што не е бел, безбоен. Обоена ограда. Обоена хартија. Обоени пијалаци.

обожава | несв.

Величи, почитува некого или нешто како Бог, божество. Египќаните го обожавале Сонцето.

обожавател | м.

Лице што обожава некого или нешто; љубител, приврзаник. Таен обожавател. Верни обожаватели. Обожавател на вино.

обожува | несв.

обои | св.

Стави боја, премачка нешто со боја; бојадиса. Сликарот ја обои сликата. Ја обои вратата со бела боја.