оттогаш | прил.
Од тој момент, од тоа време. Минаа оттогаш три години. Оттогаш тој не доаѓа кај мене.
оттргне се | св.
Се ослободи од нешто или од некого. Му се оттргна со едната рака.
оттука | прил.
Од ова место тука. Измери колку има оттука до ѕидот. Бегај оттука! Оттука дотука.
оттури | св.
Истури мал дел од некоја течност. Оттури малку вода.
оттурне | св.
Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие. Тој ја оттурна чашата. Го оттурна чамецот.
оттурува | несв.
оттуши се | св.
отуѓен | прид.
Што на некој начин преминал во сопственост на друг; пренесен на друг, одземен, украден. Имотот е отуѓен.
отуѓи | св.
Пренесе во сопственост на друг. Отуѓи имот. Отуѓи земја.
отфити се | св.
Израмни сметка, стане чист; Сега се отфитив со сите.