отчука | св.

Означи со чукање, со биење (обично за часовник). Часовникот отчука дванаесет часот.

отшелник | м.

Монах во христијанска православна заедница што живее одвоен и самотен живот заради соединување со Христос.

отшелништво | ср.

Начин на живеење кај одделни членови на христијанската православна заедница; одрекување од животот и брачната заедница во име на Христос. Во византиската литература отшелништвото е карактеристична особина на житејните јунаци.

отшепоти | св.

Каже, рече нешто со шепот. Тој отшепоти една молитва.

отшие | св.

Со парање, кинење на конецот оддели тоа што било сошиено. Го отшив работ од палтото.

отшрафи | св.

Одврти шраф или нешто што е на навој. Ги отшрафив сите шрафови. Отшрафи бомба.

отштета | ж.

Надоместок за сторена штета. Исплата на отштета. Воена отштета.

отштетен | прид.

Што се однесува на отштета. Отштетно барање.

отштети | св.

Надомести штета, плати отштета. Државата ги отштети сопствениците на национализираните имоти.

оф! | изв.

За израз на болка. Оф, боли!