оттури | св.

Истури мал дел од некоја течност. Оттури малку вода.

оттурне | св.

Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие. Тој ја оттурна чашата. Го оттурна чамецот.

оттурува | несв.

отуѓен | прид.

Што на некој начин преминал во сопственост на друг; пренесен на друг, одземен, украден. Имотот е отуѓен.

отуѓи | св.

Пренесе во сопственост на друг. Отуѓи имот. Отуѓи земја.

отфити се | св.

Израмни сметка, стане чист; Сега се отфитив со сите.

отфркне | св.

Одлета со брзо и шумно мавтање со крилјата.

отфрли | св.

Фрли, оддалечи од себе, измести. Експлозијата го отфрли креветот.

отцеди | св.

Со цедење оддели извесно количество; исцеди, прецеди. Отцеди малку мед.