овен | м.
Вид домашно животно, мажјак на овца. Дебел овен. Црн овен.
овенат | прид.
Што е без свежина, без боја; овене Овенати ружи. Овената гранка.
овене | св.
За растение – изгуби свежина, боја, почне да се суши. Овенаа цвеќињата во вазната. Тревата овена.
овенча | св.
Накити со венец, стави венец некому. Победникот го овенчаа со лаворов венец.
овери | св.
оверувач | м.
овес | м.
Вид едногодишно житно растение и неговиот зрнест плод кој се употребува обично за исхрана на коњите; Avena sativa. Зрна од овес. Вреќа со овес.
овесен | прид.
Што се однесува на овес. Овесна слама. Овесна каша.
оветвен | прид.
Што е ветов, стар, износен. Оветвена кошула.
оветви (се) | св.
Стане ветво, старо, се излити од носење. Панталоните (се) оветвија, треба да купам нови.