оглушителен | прид.

Оглушителен грмеж.

оглушлив | прид.

Што оглушува, што предизвикува оглушување. Оглушливи звуци.

оглушувачки | прид.

Оглушувачки одглас.

огнар | м.

Работник што го одржува огнот на парен котел, локомотива и сл. Огнарот сѐ почесто фрлаше дрва во огнот и ја забрзуваше локомотивата.

огнаси | св.

Направи да стане гнасно, извалка нешто. Старецот ја огнаси брадата јадејќи.

огнебојка | ж.

Како епитет за пушка. Пушка огнебојка.

огнен | прид.

Што се однесува на оган и 2. Огнена стихија. Огнени јазици.

Огнена Земја | ж.

Остров во Јужна Америка, поделен меѓу Аргентина и Чиле.

огненоцрвен | прид.

Што има црвена боја како оган. Огненоцрвена светлина. Огненоцрвена коса.