одзивало | и.

Во поговорката: Мое одзивало, туѓо подувало – некој се одзива наместо друг и настрадува поради тоа.

оди | несв.

За човек и за животни – се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи. Тој секаде одеше пеш. – Не трчај, оди полека! Кучето одеше пред сите.

одигра | св.

(спорт.) Заврши игра, натпревар. Одиграа една партија шах. Одиграле два натпревара.

одлабави | св.

Направи нешто да е лабаво. Се прејаде, па мораше да го одлабави ременот.

одлага | несв.

Помести временски за подоцна. Го одлагаше испитот неколкупати. Тие го одлагаа соочувањето со своите противници.

одлази | св.

Замине со лазење. Детенцето одлази до креветчето.

одлачи | св.

Оддели, издели. Ги одлачи новите од старите весници.

одлебди | св.

Замине со лебдење. Правот што се крена одлебди со тивкиот ветер.