одломка | ж.

Скршено, откинато парче; дел Водата исфрли одломка од весло.

одлости | св.

Отвори, ослободи врата што била затворена со лост, резе и сл.; Го одлости капакот и слезе долу. Таа ја одлости портата уште пред да тропнат гостите.

одлоши се | св.

Престане да е лош; . На стари години човекот се смени, се одлоши.

одлука | ж.

Краен резултат, заклучок од нешто (договор, средба и сл.) со кој се решава некое прашање и се преземаат некои активности; решение. Тешка одлука. Не се поколеба во одлуката.

одлути се | св.

Престане да е лут. Се лутеше малку, ама се одлути.

одлучен | прид.

Што е цврст, непоколеблив при донесувањето одлуки, решенија. Одлучен човек. Одлучен раководител.

одлучи (се) | св.

Донесе одлука, реши нешто. (Се) одлучи да замине. Комисијата одлучи негативно по приговорите.

одлучувачки | прид.

Што одлучува, од кој зависи донесувањето на крајниот заклучок; решавачки, пресуден. Одлучувачки меч. Одлучувачки фактор.

одлушне | св.

Оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто. Миејќи го таа го одлушна тенџерето.

одма | прил.