означи | св.

Стави ознака; обележи. Го означиле патот.

озоба | св.

Изеде со зобање, иззоба. Коњите го озобале зобот.

озон | м.

Отровен, син гас од молекули што содржат три атоми кислород; алотропска модификација на кислород, кој се наоѓа во горната атмосфера каде што го апсорбира поголемиот дел од штетното ултравиолетово зрачење на сонцето; се јавува во поголема концентрација во воздухот по дожд и грмежи; симбол О3. Дишеше од воздухот полн со озон.

озонатор | м.

Направа за производство на озон по вештачки пат;

озонизација | ж.

Процес на збогатување на воздухот со озон.

озонира | св. и несв.

Исполни, исполнува со озон.

озонометар | м.

Направа за мерење на концентрацијата на озон.

озонски | прид.

Што се однесува на озон; што има озон. Озонска обвивка. Озонска дупка.

озраченост | ж.

Состојба предизвикана од радиоактивно зрачење.