озрачи | св.

Изложи на зрачење. Работата со такви материи го озрачи.

ока | ж.

Мерка за тежина – 1282 грама. Ока брашно. Две оки вино. Ока сирење.

окади | св.

При религиозен обред – исчади со темјан. Се помоли пред иконата, ја окади собата и седна.

окае | св.

Искупи грев со каење. Отиде во манастир да ги окае гревовите.

окаен | прид.

Слаб, кутар, беден, очаен. Окаен човек.

окаже | св.

Открие, предаде тајна. Тој не е доверлив човек, ќе те окаже.

окали | св.

Извалка со кал. Ги окали чевлите одејќи низ тревата.

оканик | м.

Сад; оканица.