око | ср.
Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните. Убави очи. Црни очи. Мали очи.
оков | м.
Метални алки поврзани со синџири со кои се врзувале строго осудените затвореници со цел да им се ограничи движењето. 'Рѓосани окови. Затворениците беа со окови на рацете и на нозете.
окове | св.
Стави окови некому. Ги оковаа затворениците.
окози | св.
За коза – донесе на свет јаре. Козата окози две јаренца.
ококоли (се) | св.
ококори | св.
Широко отвори очи. Таа исплашено ги ококори очите.
околен | прид.
Што е во околината, ближен, соседен. Околни села. Околни планини. Околни куќи.
околина | ж.
Област, предел околу определено место. Околината на езерото беше живописна. Во околината на градот.
околиски | прид.
Што се однесува на околија. Околиски надзорник. Околиски град.
околија | ж.
Поголема административна единица којашто опфаќа повеќе помали единици (општини, места, села и сл.) Скопска околија. Селата од Прилепската околија. Во целата околија тој имаше најубави овошки.