околност | м.

Факт, појава што се јавува истовремено со друг факт и притоа влијаат меѓусебно. Олеснувачка околност. Среќна околност. Умре под мистериозни околности.

околу | прил.

Во околината. Куќата беше одделена од другите, а околу заградена со високи дрвја. Сите изнаседнаа околу-наоколу

околу | предл.

Со пространствено значење – опкружување, заобиколување на некого или нешто. Децата испоседнаа околу учителот. Околу куќата ќе насадам жива ограда.

околчест | прид.

Што е со тркалезна форма. Околчесто лице. Околчести очи.

околчи | св.

Постави, нареди колци. Најпрвин ја околчи нивата, па потоа ја изора.

оконча | св.

Заврши, сврши. Го оконча својот живот во манастир. Се налути и реши да ја оконча работата.

окоп | м.

(воен.) Ископ во земјата во вид на долг ходник низ кој е овозможено движење на луѓе; ров. Влажни окопи. Војниците чекаа нечујно во окопите.

окопили се | св.

Роди копиле, вонбрачно дете.

окопити | св.

Освести, поврати некого, направи некој да си дојде на себеси од страв, возбудување и сл. Го фати за раменици, го стресе и го окопити.

окопни | св.

За снег и мраз – исчезне од површината на земјата; се растопи. Снегот окопне, зимата е на заминување.