окрили | св.

Исполни со полет, надеж, воодушеви. Последните случувања го окрилија во неговите намери.

окрка | св.

Изеде лакомо во големи количини; крка Ја окрка целата чинија со слатки.

окрлави | св.

Заздрави, зајакне.

окрни | св.

окрои | св.

За лозје – изреже, поткастри гранки. Годинава навреме го окројавме лозјето.

округ | м.

Поголема административна територијална единица. Изборен округ. Воен округ.

окружен | прид.

Што се однесува на округ. Окружен суд. Окружен началник.

окружение | ср.

Средина, амбиент, контекст; околина.

окружи | св.

Направи круг околу некого или околу нешто; опколи. Се подготвува невреме, темни облаци го окружија градот.

окружница | ж.

Службено писмо наменето на повеќе лица или установи со иста содржина; циркулар, циркуларно писмо.