окрупни | св.

Стане крупен. Кога беше мал, беше слабичок, но кога порасна, окрупне.

окрши | св.

Скрши. Падна и ја окрши ногата.

оксид | м.

Хемиско соединение на кислородот со некој елемент. Натриумов оксид.

оксидација | и.

Процес на соединување на кислородот со некој елемент. Биолошка оксидација. Оксидација на почвата.

оксидира | св. и несв.

Се соедини, се соединува со кислород. Тој хемиски елемент многу брзо оксидира.

оксиморон | м.

Стилска фигура која е резултат на спојување на два противречни поима. Бела темнина. Чесен крадец. Жив мртовец.

Оксфорд | м.

Универзитетски град во Велика Британија.

октав | м.

Осмина од печатарски табак; формат на книга што се добива кога табакот ќе се превитка на 8 листови, односно 16 страници.

октава | ж.

(муз.) Осмиот тон на дијатонската скала; интервал помеѓу првиот и осмиот тон.

октет | м.

Композиција за осум солистички инструменти или гласови.