октоих | м.
Православна црковна книга во која литургиското пеење е во осум гласови.
октомври | м.
Десеттиот месец во годината; листопад.
октопод | м.
Мекотело морско животно со две крупни очи на главата и со осум краци на кои има пипала; Octopidae.
октроира | св. и несв.
Наметне со сила, со едностран акт од повисоки структури; пропише. Октроиран устав.
окубе | св.
За пердув, влакно – истргне, отстрани од корен; искубе. Домаќинката ја окуба кокошката и ја стави да се вари.
окука | св.
Изгуби многу време, предолго се задржи, помине некаде (во чекање, во болница, затвор итн.); пропадне, се уништи. Жената окука во болнишките ходници. Кутриот, окука по затвори.
окулар | м.
Собирна леќа во дурбин или во микроскоп којашто има улога на лупа за набљудување на одразот добиен со прекршување на светлината.
окулист | м.
Лекар специјалист за очни болести; офталмолог.
окулистика | ж.
Наука за болести на очите.
окултација | ж.
Затскривање, засенување на едно небеско тело од друго небеско тело (Сонцето од Месечината).