окултен | прид.

Што е таинствен, прикриен, мистичен. Окултен мотив. Окултно крвавење.

окултизам | м.

Мистично учење за таинственото, натприродното, мистичното во природата и во човекот.

окултист | м.

Тој што го почитува, што се занимава со окултизмот.

окупатор | м.

Тој што окупира, зазема, освојува туѓа територија; освојувач. Фашистички окупатор. Борба против окупаторите.

окупационен | прид.

Што се однесува на окупација; окупациски. Окупационен режим.

окупациски | прид.

Што се однесува на окупација. Окупациски патроли.

окупација | ж.

Освојување, заземање туѓа територија. Фашистичка окупација.

окупира | св. и несв.

Заземе, зазема, освои, освојува туѓа територија. Непријателски трупи го окупираа градот.

окуражи | св.

Охрабри, поддржи некого. Неговиот поглед ја окуражи.

окучи | св.

Донесе на свет млади кученца. Кучката окучи четири прекрасни кученца.