олеснение | ср.
олесни | св.
(преод.) Направи некому да му биде полесно нешто. Тој многу ми ја олесни работата.
олеснителен | прид.
Што може да олесни;
олеснувачки | прид.
Што олеснува, што прави нешто да биде полесно. Олеснувачки околности.
олигарх | м.
Припадник, член на олигархија.
олигархиски | прид.
Што се однесува на олигархија, што е во врска со олигархија. Олигархиски режим.
олигархија | ж.
Политички и економски систем во кој севкупното владеење е во рацете на мала група луѓе. Финансиска олигархија.
олиже | св.
Исчисти со јазик, излиже. Детенцето ја олижа устата намачкана со чоколадо.
Олимп | м.
Планина и врв во Грција.
олимпиец | м.
Учесник во олимпијада.