олимпизам | м.

Олимписки дух, пријателство меѓу народите врз основа на негувањето на спортот. Поддршка на олимпизмот во светот.

олимписки | прид.

Што се однесува на олимпијада. Олимписки оган. Олимписки медал. Олимписки игри – олимпијада. Олимписко село – место каде што се сместени учесниците за време на олимпијада.

олимпијада | ж.

(истор.) Во Стара Грција – натпревари што се одржувале во светилиштето Олимпија на секои четири години во чест на богот Зевс.

олисти | св.

За дрво – добие нови лисје. Дојде пролет и дрвото повторно олисти.

олицетворение | ср.

Глаголска именка од олицетвори; олицетворување.

олицетвори | св.

Претстави, изрази нешто (апстрактен поим, идеја, особина и сл.) во лик на живо суштество; отелотвори.

олкав | зам. прид.

Што е олку голем, со оваа големина, во олкав број, количество, степен и сл. Да ги видиш олкави во вратовите, прави, здрави – како волци. Олкаво мажиште станал. Од каде олкава дрскост кај едно толку младо девојче.

олканѕав | зам. прид.

олкацок | зам. прид.

Олку мал. Ми донесе едно камче олкацко.

олку | прил.

Во оваа мера, во оваа количина. Не знаев дека е олку лесна работата. Јас олку пари не сум видел.