петнаесттина | ж.
Петнаесетти дел од нешто.
петнеделен | прид.
Што трае пет недели. Петнеделен престој.
петно | ср.
дамка_1_2
петобој | м.
Атлетски натпревар во пет различни дисциплини; пентатлон.
петоглав | прид.
Што е со пет глави. Петоглав змеј.
петоделен | прид.
Што е со пет дела.
петок | м.
Петти ден во неделата, ден по четвртокот. Во петок селаните одеа на пазар.
петокнижје | ср.
Првите пет книги од Стариот завет.
петокрак | прид.
Што е со пет краци. Петокрака ѕвезда.
петолебие | ср.
Пет мали лепчиња што ги подготвуваат православните верници за в црква, особено за богослужбата во петоците на велигденските пости.