петосложен | прид.

Што е со пет слога. Петосложен збор.

петособен | прид.

Што е со пет соби. Петособен стан.

петочен | прид.

Што се однесува на петок. Петочен ден. Петочна вечер.

петочлен | прид.

Што е составен од пет члена. Петочлена комисија.

петпати | прил.

Петра | ж.

Древен град во денешен Јордан.

петрефакт | м.

Скаменета останка од животно или од растение; фосил.

петрифицира | св. и несв.

Скамени, скаменува.

Петрич | м.

Град во Пиринска Македонија, Бугарија.

Петров | прид.

Петровиот Во составот: Петрова недела ‒ неделата во која се празнува и Петровден.