Петровден | м.
Христијански празник посветен на светиот апостол Петар што се празнува на 12 јули.
петровденски | прид.
Што се однесува на Петровден.
петровка | ж.
Овошни дрва (јаболкница, круша, слива и сл.) и нивните плодови што зреат околу Петровден.
петровски | прид.
Само во изразите: Петровско јаболко ‒ јаболко што зрее околу Петровден. Петровски жеги ‒ јулски горештини.
Петроград | м.
Некогашно име на Санкт Петербург, од почетокот на ХХ век.
петрограф | м.
Тој што се занимава со петрографија.
петрографија | ж.
Наука за настанувањето, составот и градбата на карпите.
петрол | м.
Густа жолтеникава течност што гори, суровина за добивање бензин и други деривати; нафта.
петролен | прид.
Што се однесува на петрол.
петролеумски | прид.
Што се однесува на петролеум.