паласка | ж.

Кожено чантиче за чување куршуми. Една црна крвава паласка остана во снегот.

палата | ж.

Царски дворец. Кралска палата.

палатал | м.

Согласка што се изговара со допир на врвот на јазикот кон тврдото непце; тврдонепчена согласка (ќ, ѓ, ј, њ).

палатален | прид.

За глас ‒ мек, што е смекнат. Палатални согласки.

палатализација | ж.

Смекнување на согласка под влијание на соседниот глас.

Палау | ср.

Островска држава во западниот дел на Тихиот Океан, дел од Микронезија.

палачен | прид.