палави се | несв.

Прави лудории, лудува. Децата се палавеа во дворот.

палавко | м.

Немирко. Ќе порасне и нашиот палавко. Поминаа години, остана палавко.

палавник | м.

Тој што е палав, немирен. Тој му се закануваше со прстот на палавникот. Само малите палавници не можеше зимата да ги затвори в куќи.

палавра | ж.

Лага, шега. Не сакам никакви палаври.

палавштина | ж.

Палаво однесување, палава постапка; палавост. Во училиште доаѓаат до израз детските палавштини и досетки. Мајсторот го тргаше за уши чиракот ако направеше некоја палавштина.

паламарка | ж.

Дрвена кука со дупчиња за прстите со која се служат жетварите при жнеење.

паламид | ж.

Вид морска риба од родот на скушите; Palamys sarda

паламида | ж.

Бодликав плевел што се размножува низ голем број растенија (најчесто житни култури); Cirsium arvense.

паланка | ж.

(арх.) Гратче, населба со мал број жители во која односите на луѓето се непосредни.