пиротехника | ж.

Област во техниката што се занимава со изработка на запаливи, експлозивни или огнометни материи.

пиротехничар | м.

Специјалист по пиротехника.

пиротехнички | прид.

Што се однесува на пиротехника и пиротехничар.

пирошка | ж.

Пржено печиво полнето со сирење, месо и друго. Топли пирошки. Пирошки со месо.

пирува | несв.

Учествува во пир, се гости, обилно јаде и пие. Пируваа цела ноќ.

пируета | ж.

Кружно свртување на телото како балетна фигура на врвот од балетанките. Балерината вежба пируети. б) Брзо свртување на лизгачот на врвот од лизгалките.

пирустија | ж.

Железен триножник за готвење на отворен оган. Пирустија и вршник. Котел врз пирустија.

пис | прид.

Нечист, валкан. Пис жена.

пис! | изв.

За бркање мачка.