Пиринејски Полуостров | м.
Полуостров во Европа.
Пиринска Македонија | ж.
Дел од областа Македонија, во состав на денешна Бугарија.
пирит | м.
Жолт, светкав минерал, железен сулфид од кој се добива сулфурна киселина.
пирла | ж.
Ќерамидна плочка за детска игра.
пиро- | претс.
Како прв дел од сложени именки и придавки што по значење се поврзува со оган, палење, пожар: пироманија, пиромански, пиротехника и сл.
пироксилин | м.
Експлозивна материја од азотна киселина и целулоза.
пироман | м.
Подметнувач на пожари, паликуќа;
пироманија | ж.
Нескротлив нагон, болна страст, склоност кон подметнување пожари.
пиромански | прид.
Што се однесува на пироман и пироманија.
пирометар | м.
Апарат за мерење високи температури.