пијано 1 | ср.

Музички инструмент со клавиши со чија помош се пренесуваат удари на чеканчиња врз затегнати жици и се произведува звук; клавир.

пијано 2 | прил.

Тивко;

пијанство | ср.

Пијанење. Наредниот ден по пијанството беше болен.

пијач | м.

Тој што пие многу, пијаница; локач.

пијачка | ж.

Пијалак (обично алкохолен). Ладни пијачки. Алкохолни пијачки. Пиеја ракија и секакви други пијачки. Нашол некаде пијачка и се испијанил.

пијор | м.

Вид ситна слатководна риба во Охридското Езеро; Pnoxinus pnoxinus.

плав | прид.

плава | ж.

Вид рибарска мрежа.

плавен | прид.

(книж., арх.) Складен, одмерен, рамномерен по ритам, хармоничен. Плавен чекор. Плавно движење. Плавна песна. Плавни бранови.

плави | несв.

Отстранува сапуница од алишта и др. Секоја година таа ги пере и ги плави јамболлиите на река. Машината за перење одлично ги плави алиштата.