памукче | ср.

Натопи памуче со алкохол.

памукчија | м.

Тој што продава памук.

памучен | прид.

Што е направен од памук 2. Памучен конец. Памучна ткаенина. Памучна кошула.

памфлет | м.

Кратка полемична, иронично-саркастична творба против некоја личност или појава, обично во општествено-политичкиот живот. Таа брошура е памфлет против неговото дело. Политички памфлети.

памфлетист | м.

Автор на памфлети. Памфлетисти и негатори на уметничкото дело.

памфлетски | прид.

Што има својство на памфлет. Памфлетски тон на статијата.

памјат | ж.

Спомен, сеќавање. Вечна му памјат!

пан- | претс.

Претставка за образување именки и придавки со значење на целосност, сеопфатност на нешто што е именувано во основата, на пр.: панславизам, пантеизам и др.