панагија | ж.

Иконче со лик на Христос или на Богородица што го носат православните епископи.

панагон | м.

Додатен товар што се става врз самарот од коњи, магариња, маски; горниот дел од самарот.

панама | ж.

Вид памучна ткаенина погодна за везење кај која основата и јатокот имаат ист број конци.

Панама | ж.

Држава во Средна Америка.

Панама Сити | м.

Главен град на Панама.

Панамски Канал | м.

Вештачки канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан во Панама.

панаѓур | м.

Голем пазар што се одржува во определен период од годината и на определено место. Новогодишен панаѓур. Пролетен панаѓур. Манастирски панаѓур.

панаѓуриште | ср.

Место каде што се одржува панаѓур.