погости | св.
гости.
пограничен | прид.
Што е, што се наоѓа покрај државната граница. Погранично население. Погранични места.
пограничје | ср.
Места, појас по должината на границата. Во пограничјата обично живее етнички мешано население.
пограѓани | св.
Направи некого граѓанец (обично, за селанец). Татко му сакаше да го пограѓани, да му даде занает в раце.
погрбечки | прил.
На грб. Лежеше погрбечки под дебелата сенка. Тука одвај се провлековме погрбечки и помешечки.
погрвала | св.
Грвала малку, кратко време.
погрда | ж.
Погрден збор, пцост; поруга. Не можам да ги слушам веќе неговите погрди.
погрден | прид.
Срамен, лош, непристоен, крајно навредлив. Погрден збор. Погрден израз. Погрдно значење.
погреб | м.
Полагање на телото или на останки на мртовец во земјата; закоп.
погребален | прид.