погонец | м.
Работник во погон.
погони | св.
Гони некого малку, кратко време.
погонски | прид.
Што се однесува, што е наменет, што припаѓа на погон1. Погонска сила. Погонско гориво. Погонски инженер. Погонски работници.
погонче | ср.
Мало производно претпријатие. Имаме погонче за мали занаетчиски услуги.
погордее се | св.
Се гордее малку, кратко време. Зошто со тој успех да не се погордеат малку.
погорелец | м.
Лице на кое му изгорела куќата, имотот, жртва на пожар. Им правеа куќи на погорелците од војната.
погорен | прид.
Горенаведен, гореспоменат;
погори | св.
Гори малку, кратко време или уште малку. Нека погори свеќата, па угаснете ја. Ќе погориме неделава од дрвата, па ќе треба да се купат.
погорчи | св.
Горчи некому малку, кратко време. Ќе ти погорчи лекот, ама брзо ќе помине.
погосподини се | св.
Стане господин, измени држење, однесување.