погризе | св.
Со гризење оддели, изеде малку. Го погриза јаболкото и го фрли недојадено.
погрицка | св.
погрли | св.
Помине некое време во грлење (компири, пченка и др.)
погрми | св.
безл. Грми кратко време. Ќе погрми и ќе престане.
погром | м.
Колеж и грабеж на имотот на незаштитено население, организирани од власта или со нејзина премолчена согласност, врз етничка, верска и друга основа.
погромаш | м.
Организатор или вршител на погром.
погруби | св.
Направи нешто да стане грубо, грдо; груб 3. Работата ѝ ги погруби рацете.
погрува | св.
Помине во грување некое време;
погрчи | св.
Направи некој да стане Грк; грчи 3.
погуба | ж.
Погубување, уништување, пропаст.