погубен | прид.
Што доведува до погубување, уништување, до пропаст. Погубно влијание. Погубни последици.. Погубно дејство.
погуби | св.
а) Лиши од живот некого; убие, отепа. Го ограбиле и го погубиле. б) Изврши смртна казна со примена на судска пресуда според закон.
погубиште | ср.
Место каде што се губи, исчезнува нешто. Што е ова, дали потон, дали погубиште.
погубник | м.
Тој што извршува погубување. Стоеја беспомошни пред погубниците.
погувее | св.
Гувее малку, кратко време.
погуга | св.
Гуга малку, кратко време.
погугука | св.
погуди | св.
Гуди малку, кратко време.
погурбетува | св.
Помине некое време во гурбетување.
погусли | св.
Гусли малку, кратко време.