панегирик | м.
Пофална беседа, говор или напис што слави, велича некого или нешто.
панегиричар | м.
Тој што држи или составува панегирици.
панегиричен | прид.
Што се однесува на панегирик. Панегиричен говор.
панел | м.
Дрвена облога во правоаголна форма за ѕид, таван, врата и др.
паника | ж.
Силен страв предизвикан од ненадејни појави (пожар, земјотрес, експлозија и сл.). Паника меѓу бегалците.
панихида | ж.
Во православната црква ‒ богослужба за помен на умрен; парастос.
паница | ж.
каленица.
паничар | м.
Тој што лесно се избезумува од страв.
паничен | прид.
Што се однесува на паника, што има својство на паника. Панична врева. Панично бегство. Паничен страв.
паничи | несв.
Покажува дека е обземен со паника, дека доживува паничен страв. Тој секогаш почнува да паничи пред испит.