панаѓурски | прид.

Што се однесува на панаѓур. Панаѓурски тапани.

панаѓурува | несв.

Прави панаѓур, се наоѓа на панаѓур.

панго | ср.

Вид маса, шанк. Чекмеџе со пари под пангото. Панго со шишиња.

панда | ж.

Крупно диво животно од фамилијата мечки обраснато со црнобело крзно што живее во некои области на Кина и Тибет; Ailuripoda melanoleuca.

пандан | м.

Тоа што по некоја особина, што во некој однос е соодветно, што одговара на нешто друго.

панделка | ж.

Украсна лента за коса, облека и др. што се врзува на посебен начин ‒ во двојна клучка. Свилена панделка. Панделка на морнарска капа. Подарок без панделка.

пандемичен | прид.

Што се однесува на пандемија. Пандемична болест.

пандемија | ж.

Заразна болест што брзо се проширува на поголем дел од земјата, на целата нејзина територија или во повеќе земји од светот.

пандишпан | м.

Вид печено тесто од јајца, шеќер и брашно, подлога за разни видови торти.

пандур | м.

(арх.) Вооружен полициски стражар; чувар.