пожариште | ср.
Место каде што имало пожар. Пламења се креваа до небото, селото стана пожариште.
пожарна | ж.
пожарникар | м.
Тој што по професија гасне пожар и е припадник на противпожарна служба. Пожарникарите по неколку часа го изгаснаа пожарот.
пождригне | св.
пожеже | св.
Жеже малку, кратко време.
пожелен | прид.
Што одговара на желбите, сакан, посакуван. Пожелен настан. Пожелно присуство. Пожелна состојба.
пожели | св.
Сака, посака, има желба за нешто. Пожели малку вода. Тие пожелаа да одат на реката да ловат риби.
пожени | св.
Ожени повеќемина; испожени. Таа ги пожени синовите, сега на ред се ќерките.
поживее | св.
Помине живот, обично проживее убаво. Тој убаво поживеа. Поживејте ја младоста зашто иде староста!
поживи | св.
Во благослови ‒ пожелување на долг живот. Господ да ми те поживи. Да ти ги поживи Господ дечињата.