поетов | прид.

Што припаѓа, што е својствен на поет; Поетова ориентација. Поетова сила. Поетовиот занес.

поетски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на поет и на поезија. Поетски творби. Поетски јазик. Поетски талент. Поетска слобода. Поетска инспирација.

поечи | св.

Ечи малку, кратко време.

пожабурка | св.

Жабурка малку, кратко време.

пожали | св.

Искаже жал кон некого или кон нешто. Господ ја пожали старицата и си ја прибра. Господарот не ги пожали жетварите и не ја сопре работата и во најголемите горештини.

пожар | м.

Оган што, уништувајќи сè пред себе, бргу се шири и тешко се гасне. Голем пожар зафати некои делови од шумата. Пожарите во полето не стивнуваат.

пожарен 1 | прид.

Што се однесува на пожар, што е наменет, што е во служба на гаснење пожари. Пожарни скалила. Пожарен апарат. Пожарна служба. Пожарно друштво.

пожарен 2 | прид.

Што бил опфатен од пожар, опожарен. Пожарена планина. Пожарено пасиште.

пожари | несв.

Предизвикува пожар случајно или намерно. Тие ги пожарат стрништата. Невнимателните пушачи ја пожареа шумата.