пантерски | прид.

Што се однесува на пантер. Пантерска кожа.

пантличарка | ж.

Долга плоската глиста која се состои од главичка и цел ред членови; тенија.

пантомима | ж.

Театарска игра во која се изразуваат мислите и чувствата без зборови, исклучиво со гестови и мимики (најчесто во драма и во танц).

пантомимен | прид.

Што се однесува на пантомима. Пантомимна претстава.

пантомимичар | м.

Тој што изведува пантомима. Пантомимичар од светски глас.

пантофла | ж.

Лесни, топли обувки за по дома, собни влечки.

панукла | ж.

чума.