папилота | ж.

Свиок од метал, пластика, сунѓер и др. што служи за кадрење на косата. Таа се појави со папилоти на главата.

папилотка | ж.

Вратоврска во форма на пеперутка.

папирологија | ж.

Наука што ги проучува составот, потеклото, изработката и видот на старите папируси.

папирус | м.

(бот.) Тропско водно растение со темнозелени стебленца; Cyperus papyrus.

папирусен | прид.

Што се однесува на папирус, што е од папирус.

папка | ж.

Надворешна заштита од картон во преклоп или од два листа картон слепени или подврзани со лента за чување ракописи, документи и др. Стара пожолтена папка. Ракописи во папка. Тој ја одврза папката.

папо | ср.

Леб – при обраќање кон дете. Детето бара папо.

папок | м.

(анат.) Вдлабнатинка во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца. Лекарот го прегледа папокот на детето. Гола до папок.

папоти | несв.

Огнот папоти.