поимен | прид.
Што се однесува на поим
поименичен | прид.
Што е по име, одделно именуван. Поименичен список. Поименично гласање. Поименично пребројување.
поименчен | прид.
Збор што е во служба на именка, што се употребува како именка, супстантивизиран. Поименчена придавка. Поименчен збор.
поименчи | св.
Употреби друг вид збор во служба на именка, супстантивизира. Ние поименчивме некои придавки, особено во прекарите.
поимлив | прид.
Што може да се разбере, да се сфати. Поимлив термин. Таа употребува поимливи изрази.
поинаети се | св.
Прави инает, се инаети кратко време; се. Детето се поинаети и потоа го испи млекото. Тие се поинаетија.
поинаков | прид.
Што е малку, во нешто инаков, подруг, поразличен. Поинакви луѓе. Поинаков стил. Поинакво значење. Поинаков пристап. Поинакви услови. Поинаква клима. Поинакви чувства. Поинакви времиња.
поинаку | прил.
Малку различно, инаку, на подруг начин. Тој работеше поинаку. Ние мислевме поинаку. Тој не може поинаку. Поинаку се договоривме.
поинтересира се | св.
Покаже извесно интересирање за некого или за нешто. Тие се поинтересираа за нашиот проект.
поисее | св.
Просее, исее брашно (жито, песок и сл.) малку; сее. За неколку дена го поисеаја брашното.