поизнавалка | св.

Изнавалка многу, во голема мера; изнавалка насекаде. Тој ја поизнавалка кошулата.

поизнамачи | св.

Изнамачи многу некого; зададе некому преголеми маки. Ние ги поизнамачивме децата.

поизостри | св.

Изостри донекаде или малку повеќе. Тој ја поизостри секирата.

поизретчи | св.

Изретчи донекаде или уште малку повеќе. Тој ги поизретчи расадите.

поика | св.

Ика кратко време. Детето поика.

поилка | ж.

Специјална направа за напојување домашни животни. Автоматска поилка. Најдобро е животните да се напојуваат од автоматски поилки.

поило | ср.

Определен ограден простор, корито крај чешма каде што се пои добиток. На чешмата имаше две поила.

поим | м.

Мисла што претставува збир од општите и од специфичните карактеристики и својства на еднородни предмети или појави. Географски поим. Лингвистички поим. Поимот скратеница во македонскиот јазик е доста широко дефиниран. За тој поим треба да се даде македонски збор.

поима | несв.

Сфаќа, разбира смисла, содржина на нешто. Тој ја поима поезијата како излез од сопствената тага.