папочен | прид.

Што се однесува на папок.

папочница | ж.

Папочна врвца;

папрадиште | м.

Место обрастено со папрат;

папрадник | м.

Место обрастено со папрат;

папрат | ж.

Тревесто растение со тенки, пердувести листови, без цвет и семе, што се размножува со спори; Aspridiun nephrodium. Зелена папрат. Корење од папрат. Спиел на папрат.

папратен | прид.

Што е од папрат. Папратна постела.

паприкаш | и.

Вид јадење од варено месо, пиперки, домати и друг зеленчук.