полуволнен | прид.
Волнен со други примеси, не чисто волнен. Полуволнен шал. Полуволнена ткаенина. Полуволнен џемпер.
полувреме | ср.
Еден од двата еднакви дела од натпревар во некои спортови (фудбал, кошарка и сл.). Првото полувреме заврши нерешено. Победивме во второто полувреме.
полугладен | прид.
Донекаде, делумно гладен; што е недоволно најаден, не е сит. Полугладни си легнавме. Останавме полугладни.
полуглас | м.
(лингв.) а) Назив за старословенските редуцирани гласови и соодветните букви голем и мал ер; ер. б) Придружна темна самогласка што се слуша при изговорот на согласка (сржи, за'ржи; при одделен изговор: б', в' итн.).
полугласен | прид.
(лингв.) Што се однесува на полуглас Полугласен изговор.
полугласка | ж.
полуглув | прид.
Што е со ослабен слух, што слуша на едно уво. Тој беше полуглув.
полугнил | прид.
Донекаде, делумно, нецелосно гнил. Полугнили плодови. Полугнило јаболко.
полугодие | ср.
Време од половина година во кој се организира нешто, се пресметува нешто и сл. Во првото полугодие имавме голем финансиски успех.
полугодишен | прид.
Што се однесува на полугодие. Полугодишни оценки. Полугодишен успех. Полугодишна сметка.